November 14, 2026
LIVEВО ЖИВО — Следете ги најновите информации и реакции

ДУИ и неговиот Европски фронт ќе остават нивните гласачи сами да одберат дали да гласаат за Силјановска или Пендаровски

Елми Азири денеска го потврди ставот на Европскиот фронт дека во вториот круг од претседателските избори нема да апелираат за поддршка на ниту еден од кандидатите, за Гордана Силјановска или Стево Пендаровски, пренсе ТВ АЛСАТ. „Ќе ги повикаме сите граѓани да учествуваат во изборниот процес, и да одлучуваат според нивните оценки и нивните приоритети. Имаме […]

FacebookXWhatsApp

Елми Азири денеска го потврди ставот на Европскиот фронт дека во вториот круг од претседателските избори нема да апелираат за поддршка на ниту еден од кандидатите, за Гордана Силјановска или Стево Пендаровски, пренсе ТВ АЛСАТ.

„Ќе ги повикаме сите граѓани да учествуваат во изборниот процес, и да одлучуваат според нивните оценки и нивните приоритети. Имаме демократско искуство и верувам дека сите граѓани ќе можат да ги препознаат своите приоритети меѓу кандидатите, кој од кандидатите во вториот круг ќе ги исполни нивните очекувања“, рече Азири.