November 1, 2026
LIVEВО ЖИВО — Следете ги најновите информации и реакции

Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред

Приватните автобуски превозници во Скопје од утре ќе сообраќаат по редовен возен ред. ЈСП попладнево уплатила по 6 милиони денари на трите компании.Јсп попладнево уплатила по 6 милиони денари на трите компании. Тоа задоволува за наредниве две недели да возиме редовно и се надеваме дека во тој период ќе имаме средства односно уплата од ЈСП […]

FacebookXWhatsApp

Приватните автобуски превозници во Скопје од утре ќе сообраќаат по редовен возен ред. ЈСП попладнево уплатила по 6 милиони денари на трите компании.Јсп попладнево уплатила по 6 милиони денари на трите компании.

Тоа задоволува за наредниве две недели да возиме редовно и се надеваме дека во тој период ќе имаме средства односно уплата од ЈСП за да можеме без прекин да работиме, велат приватните превозници.

Приватните превозници во петокот побараа од ЈСП да им биде исплатен вкупниот долг од 170 милиони денари, од кој, како што изјавија, во момент биле доспеани 90 милиони денари. Тие денеска возеа редузирано од 5 до 10 часот.