Huawei музички стриминг сервис пристигнува во Европа

Со оглед дека Huawei веќе не може да се потпира на услугите кои ги нуди Google, активно бара алтернативи. Покрај сопствената продавница за апликации, кинескиот производител полека ги покрива и другите услуги кои ги нуди Google.

Музика на струја

На ред дојде музичкиот стриминг сервис кој ќе биде преинсталиран на новите Huawei и Honor модели на телефони. За да го обезбеди тоа, Huawei се здружи со Squid, музички стриминг сервис кој е достапен на Android веќе долго време, но не беше претерано популарен. Соработката со Huawei, на тој начин ќе биде на взаемно задоволство, бидејќи Huawei без многу напор ќе добие музички стриминг систем, а Squid дефинитивно ќе добие на популарност, а покрај тоа сега е достапен и во Европа.

Huawei Music app е веќе достапна на повеќе јазици и има солидна количина на содржини, а може да се преземе од HMS. Корисниците кои немаат Huawei (или Honor) телефони, исто така ќе можат да ја употребуваат оваа услуга. Доволно е само да ја симнете апликацијата од официјалната веб страница.

Апликацијата, покрај стриминг музика дозволува креирање листи за репродукција, преземање музика за офлајн преслушување, како и неколку опции кои Huawei самиот ги дизајнирал, а цената на услугите е 9,99 долари месечно.

 

Source: denar.mk


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime