Градоначалникот на Берово Пекевски прогласен за најпријателски ромски градоначалник

Градоначалникот на Берово Звонко Пекевски присуствуваше на церемонија во Брисел, каде што, од претставниците на Европскиот парламент и Европската комисија, му беше доделена наградата „Најпријателски Ромски градоначалник“.

На настанот, кој се одржа во European Economic and Social Committee (EESC), присуствуваа сите градоначалници-добитници на наградата од регионот на Западен Балкан и Турција. Изборот за „Најпријателски Ромски градоначалник“ се организира за подобрување на дијалогот на локалните власти и ромската заедница и добрите практики на дијалог да станат видливи.

-Задоволство ми е што ја имав можноста да бидам дел од настаните „Иднината на Ромите“, „Синтите и патниците во Европа“, „Предизвици и можности во координирање на централните и локалните напори за вклучување на Ромите“, кои се дел од Ромската недела 2024, во Брисел, истакна Пекевски.

Целта на изборот, како што додаде, е истиот да биде конструктивна алатка за подобрување на состојбата на ромската заедница, фокусирајќи се на позитивните практики, без обвинувања на останатите.

-Фокусирајќи се на филозофијата на зајакнување, мобилизација и еднаков дијалог, помеѓу локалните власти и ромската заедница, изборот може да помогне гласот на Ромите, тие да биде слушнат, додаде Пекевски по повод добивањето на наградата.

Активностите се реализираат во рамките на проектот „Зајакнување на ромските жени – моќ на промената во Западен Балкан и Турција“ (Europe Aid/162473/DH/ACT/Multi) со проектен број 2019/413-758, заеднички имплементиран од Roma Active Albania, ERGO Network и Регионална Ромска образовна Младинска Асоцијација, кои објавија конкурс за избор на „Најпријателски Ромски градоначалник“. 

Related post