Завршен настан од првата фаза на Комунити Караванот се одржа во Општина Шуто Оризари.

Покрај големиот број граѓани кои беа заинтересирани за апликацијата и се регистрираа на истата, на настанот беше присутен и градоначалникот на општината, господинот Курто Дудуш, кој се обрати пред присутните медиуми, истакнуваат од организацијата.
„Комунити” е апликација која нуди информации, известувања, поплаки или пишување статии за сите членови на заедницата – без оглед на возраста, потеклото или техничкото знаење. Лесна и интуитивна е за користење, но истовремено е и многу корисна за олеснување на секојдневното живеење.
РРЦ е лидер на локалното јадро за општина Шуто Оризари и заедно со Општината помогна во организација на овој настан за промоција на „Комунити“ алатката пред граѓаните од општината. Голема благодарност на сите соработници и пријатели кои го посетија и го поддржаа настанот.
Настанот е организиран во рамки на проектот на USAID North Macedonia „Здружи се за заедницата“, спроведуван од асоцијацијата Konekt , a во партнерство со Apollonia Foundation, Индиго и ЕВН Македонија.
Повеќе на линк

Related post