Најголемата кражба во историјата на криптовалутите стана уште побизарна: Хакерите го направиле тоа од забава, не ги интересираат парите

Повеќе од една третина од 613 милиони долари во криптовалута кои се украдени од финансиската платформа Поли-нетворк, се вратени. Хакерот наведе дека тоа го направил од забава.

Таа кражба беше прогласена за една од најголемите крипто кражби откако се појави таа индустрија.

Отприлика еден ден откако стана жртва на најголемата кражба во историјата на криптовалутите, Поли нетворк објави дека наводниот сторител или хакер вратил околу 260 милиони долари во биткоини, етереум или други токени кои се украдени.

Од четвртокот вечер недостасуваат уште околу 353 милиони долари, се наведува на платформата.

“Количината на пари кои ги хакиравте е најголемата во историјата на децентрализирани финансии. Парите кои ги украдовте доаѓаат од десетина илјади членови на крипто заедницата…требаше да разговарате со нас да пронајдеме решение”, соопшти мрежата Поли.

Мрежата Поли ги повика членовите на екосистемот за криптовалути да “стават црна листа” на сопственост која доаѓа од адресата која напаѓачот ја користел за “вшмукување” на средствата.

Сервисот за размена на криптовалути “Бајнанс” соопшти дека се координира со сите партнери за безбедност со цел активно да помагаат.

Мрежата Поли ги поврзува блоковите на различни виртуелни валути со цел меѓу нив да создаде интероперабилност. Креирани се и неколку адреси на кои хакерите можат да ги вратат парите.

Dzulia Selim Memed

https://www.24vakti.mk

Related post