ПОПИСОТ ОД АПРИЛ СЕ ОДЛАГА ЗА СЕПТЕМВРИ, ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ОД ПРВА, ВО ВТОРА ПОЛОВИНА НА ОКТОМВРИ

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев и лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по хармоничната средба денеска во Клубот на пратеници, се договориле Пописот на населението и домаќинствата поради екот на пандемијата, од април да се одложи за септември. Дотогаш ќе си тече едидентирањето на нашите иселеници низ светот.

Како што изјави по средбата Мицкоски, се одлага и терминот за локални избори, па од првата, се преместува за втората половина на октомври годинава.

Заев прецизираше дека Пописот ќе се одржи во периодот од петти до 30 септември, датумот допрва ќе се утврдува. Кажа дека со Мицкоски се договориле секој од нив да ги повика граѓаните да се попишуваат, да ја извршат таа своја должност.

Ќе се одделат кампањите за Попис и за локални избори, вторава ќе почне од 30 септември натаму.

Како што кажа Заев, со Мицкоски се договориле да се одблокираат и законите за помош на стопанството и граѓаните, и да работат заедно. Тоа се однесува и на блокираниот Закон за Клиничкиот центар, како и на сите реформски закони кои ѝ се потребни на Македонија во Европската унија.

„Се договоривме уште утре да влезе Изборниот законик во процедура, за вметнување и отисок на прст при гласање. Ако има цензус, градоначалникот да се бира во првиот круг. Овие две беа барања на ВМРО-ДПМНЕ, како и тоа на дијаспората да ѝ се даде можност да гласа надвор од дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП), онаму каде што има можност “, кажа Заев.

Мицкоски претходно кажа, а и Заев потврди, дека разговарале и за промена на изборниот модел. Разговарале за мнозински изборен модел и за отворени листи, што ќе им даде поголема шанса на малите партии. Сепак, Заев кажа дека сите овие работи ќе ги презентира пред своите коалициони партнери.

Мицкоски кажа дека опозицијата ќе биде конструктивна во Собранието, а Заев по него дополни дека компромисот е одлагање на Пописот, додавајќи дека кога се сака, може да се има договор.

Dzulia Selim Memed

https://www.24vakti.mk

Related post