#NEVIPE #Roma ki MK

Јавен повик – Снимање и монтажа на 4 поткаст емисии и емитување промоција на 4 поткаст емисии во рамки на проектот „Европска унија за нас „

Проект “Европска унија за нас „

Здружение едукативен медиумски центар 24ВАКТИ-Скопје  ‘‘ финансиски поддржан од грантовата шема на “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, финансиран од Европската унија,IPA III/2022/441-801/4  спроведуван од  АДРР Сонце од Тетово и Ромски Ресурсен Центар, РАЖМ Лулуди и Симплексис  за потребите на проектот ,,Европска унија за нас ,,  Објавува:

ЈАВЕН ПОВИК БР.01/2025

За работен ангажман на Снимање и монтажа на 4 поткаст емисии и емитување промоција на 4 поткаст емисии во рамки на проектот „Европска унија за нас „ 

  • Позадина на проектот

Проектот се состои од снимање и прикажување на едукативно-информативни поткасти со истакнати и препознатливи стручни лица и експерти кои работат или на било каков начин делуваат со нивната работа во јавниот или приватниот сектор во областите и подрачјата поврзани со поглавјето 19 и 23 од преговарачките поглавја за пристап кон ЕУ. Дополнително со проектот се планира и организирање на дводневна ЕУ- Академија наменета за млади Роми, вработени или волонтери во граѓанскиот, студенти и средношколци – со нудење на можност за темелно запознавање со Европската унија, вредностите, начинот на функционирање, а со посебен акцент на преговорите, пристапувањата кон ЕУ и предизвиците со кои се соочува Р.С.Македонија како земја со проевропска ориентација.

Проектот има широк круг на опфат на лица и истото се постигнува со медиумско влијание и емитување на поткастите, а исто така и осврт кон младата категорија на лица како носители на теренските активности на значаен број на локални невладини организации на територија на општина Шуто Оризари.

1.2 Опис на работни задачи за изработка на 4 поткаст емисии

  • Снимање и монтажа на четири поткаст емисии;
  • Продукција и пост продукција; 
  • Емитување и промоција на четири поткаст емисии во традиционални, интернет портали и социјални медиуми;
  • Планирање и извршување на снимањето согласно сценариото и синопсис 
  • Подготовка на развивање на синопсис за снимање заедно со проектниот тим и модераторот;
  • Подготовка на техничката опрема и обезбедување на висока квалитетна продукција;
  • Комуникација со тимот за визуелизација на идеите и сценаријата;
  • Интеграција на графика, текст и ефекти за подобрување на конечниот производ
  • Оптимизирање на видеата за различни платформи (YouTube, Facebook, Instagram, TikTok).  

1.3 Право на учество имаат:

Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или со CV (биографија и портфолио од претходни слични активности. Физичките лица да имаат најмалку 3 години искуство во вршење на таа дејност.

1.4 Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

∙Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;

∙ Oдлични аналитички и вештини за пишување

∙ Претходно работно искуство со продукција

∙ Да имаат одлично познавање на ромската проблематика и состојба

1.5 Заинтересираните кандидати треба да ги поседуваат следните вештини и квалификации:

  • Да има повеќегодишно искуство со изработка и реализација на видеа
  • Да имаат одлични познавања на технологијата на работа, особено за камера и процесот на снимање
  • Познавање на работа со компјутери
  • Познавање на монтажа и пост продукција

1.5 Место на извршување на работните задачи и времетраење на ангажманот

 Работните задачи или снимањет ќе се извршуваат во канцелариите или кабинети на експерти ангажирани како гости на поткаст емисии. Монтажата и пост продукцијата во просториите на извршителот на услугата.

Ангажманот  за снимање и монтажа како и емитување  и промоција на поткаст емисиите ќе биде 4 месеци, односно секој месец поединечно подготовка и реализација и промоција  по една поткаст емисија почнувајќи од април до јули 2025 година. врз основа на временската рамка на проектот „Европска унија за нас„

1.6 Насоки за аплицирање

Сите заинтересирани кандидати треба да ја достават следната документација:

  1. Документ за регистрирана дејност, (доколку понудивачот е правно лице) и биографија
  2. Документи со кои ја докажува техничката или професионалната способност (професионална биографија / портфолио). 

Краен рок за пријавување е 5 работни дена од датумот на објавување на јавниот повик односно до 19.03.2025 година до 23:59час.

Комплетната документација може да се достави електронски на  следната е-маил адреса: euzanas02@gmail.com

или по пошта на следната адреса:

 Радишанска лево број 57 Скопје 

 Лице за контакт: Сали Мемед 

Ненавремено доставена и некомплетна документација нема да биде земена во предвид.

Врз база на проценката на квалитетот и комплетноста на пристигнатите пријави ќе се генерира скратена листа на кандидати. Само кандидати кои ќе бидат на скратената листа ќе бидат контактирани и ќе бидат повикани на интервју.

Скопје, 13.03.2025