Во НУ Завод и музеј Битола се отвори изложбата насловена „Расна дијагноза: Циган“ – нацистичкиот геноцид на Синтите и Ромите и долгата борба за признавање“,

Во НУ Завод и музеј Битола се отвори изложбата насловена „Расна дијагноза: Циган“ – нацистичкиот геноцид на Синтите и Ромите и долгата борба за признавање“, организирана од страна на РРОМА – Кратово во соработка со Централниот Совет на германските Синти и Роми, Документациониот Културен Центар на германските Синти и Роми и земјите од Западен Балкан.

На отворањето во име на организаторот на изложбата зборуваше Урмета Арифовска која рече:

-Геноцидот на околу 50о илјади Синти и Роми под Национал-социјализмот сè уште се смета за “заборавен Холокауст“. За тоа Фокусот на изложбата е националсоцијалистичкиот геноцид на Синтите и Ромите: од исклучување и обесправување на малцинството во Германскиот Рајх до нивното систематско истребување во Европа окупирана од нацистите. Дехуманистичките перспективи на сторителите се спротивставуваат на сведочењата на жртвите. Старите семејни форографии од Синти и Ромите ни даваат увид во реалноста на нивните животи, овозможувајќи им да се истакнат како поедници. Изложбата се состои од три поглавја – првото поглавје Вовед во темата, второто поглавје Геноцидот на Синтите и Ромите во Европа окупирана од нацистите и третото поглавје – Повоената историја и сегашната ситуација. Преку овие три поглавја ни се откриваат уништените животи кои се наоѓаат зад апстрактните документи кои ги запишуваат бирократски организираното уништување. На крајот на изложбата, посетителите добиваат сознанија за состојбата со човековите права на Синтите и ромските малцинства во Европа по 1989 г.

М-р Емина Шемо, Советник за Ромски прашања, во Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците.

-Денес ми претставува посебна чест и задоволство, но и болка да зборувам за еден непребол, нешто што не смееме да заборавиме и простиме, а тоа е “Нацистичкиот геноцид врз Синтите и Ромите и долгата борба за признавање. Европксиот ден на сеќавање на холокаустот врз Синтите и Римите е 2 август 1944 година, каде во една ноќ бидел убиени 4.300 луѓе. Европскиот парламнет на 15 април 2015 година ја узвоил Резолуцијата, а 2 август е избран за ден на сеѓавањето, кога во гасните комори биле убиени 2.897 Роми и Синти во т.н. цигански логот во Аушвиц – Биркенау во окупирана Полска. Покрај логорите имало уште 180 места на кои е познато дека биле извршени масакри. Истото е случај и во Советкиот Сојуз и Југославија. Поголем дел од жртвите не биле убиени во логорите, туку се стрелани на лице место.

Изложбата ќе помогне да пренесеме порака не само на младите, туку на сите генерации, дека истото може да се случи пак, и не само денес, и во иднина и во секој момент да се потсетите на безмилосните, грозни, и мрачни случувања во минатото, а е организирана во соработка со Централниот Совет на германските Синти и Роми, Документациониот Културен Центар на германските Синти и Роми и земјите од Западен Балкан.

На свеченото отварање  Адмир Ујкановиќ, директорот на Управа за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците рече:-Не можам да престанам да барам одговор, на прашањето кој е човекот кој може да се осмели да учествува во

вршењето на геноцидот. Дали тој што може да го направи тоа е некој кој верува во нешто? Дали можеби има некоја надеж за неговата добра иднина? Што би го инспирирало? И уште кој знае колку прашања на кои пред да го најдам одговорот се плашам и од него самиот.  Не можам а да не спомнам дека многу добро ја знам болката, знам што значи да изгубиш некого во геноцидот. Во поновата историја се случи геноцид кој е нај големиот после 2св војна а тоа е геноцидот во Сребреница. Аушвиц и Сребреница се синоними за планетарно страдање. Каде и да кажеме во светот “Аушвиц и Сребреница“ се знае дека е извршен геноцид над синтите, ромите и бошњаците. Се знаат и извршителите на геноцидот. Немаме право да ја нанесеме таа неправда на загинатите со тоа што би го премолчиле геноцидот и би го оставиле да помине што е можно потивко. Но, сакаме да добиеме нешто друго, нешто што ќе ни гарантира дека ние, нашите деца, нашите внуци, нема да доживеат ни слично на она што го доживеале настраданите во геноцидот. Затоа е добро да се пренесува вистината, да се простува но никогаш да не се заборави.

 

 

Related post