ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДОБИЈА НАРЕДБА ДА ОБЕЗБЕДАТ ТРЕТМАН ЗА ДЕЦА КОРИСНИЦИ НАДРОГИ

Основниот граѓански суд II во Скопје пресуди дека Министерството за здравство извршило дискриминација врз малолетни Роми кои имаат проблемисо зависност од дроги со тоа што не им обезбедило третман или рехабилитација. Министерството доби наредба да усвои конкретна програма за третман на деца корисници на дроги во рок од три месеци по донесувањето на пресудата во судската постапка покренатаод страна на Европскиот центар за првата на Ромите (ЕЦПР) во име на ромски деца на кои им било негирано правото на еднаков пристап до здравствена заштита. „Недостиг на третман за малолетници е проблем што се провлекува со години, а како резултат на тоа се губат животи на млади Роми“ вели Сенада Сали, менаџер за правни работи во ЕЦПР.

„Во меѓувреме, здравствените институции тврдат дека тие не се во можност да лекуваат малолетни зависници. Оваа пресуда треба да го вклучи алармот за итната потреба за воспоставување специјална програма за третман на овие деца. Нема повеќе време за чекање. Главната одговорност за тоа е кај Министерството за здравство.“ ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДОБИЈА НАРЕДБА ДА ОБЕЗБЕДАТ ТРЕТМАН ЗА ДЕЦА КОРИСНИЦИ НАДРОГИ

На 22 март 2021 година, Основниот граѓански суд II во Скопје ја прифати тужбата на ЕЦПР дека ромските деца се подложени на индиректна дискриминација со тоа што не им се обезбедува третман за зависност од дроги. Судот пресуди дека во Северна Македонија на децата кои имаат проблемисо зависност од дроги им е прекршено правото на еднаквост врз основа на нивната возраст и врз основа на нивниот статус како маргинализирана група на деца корисници на дроги. Судот потврди дека ромските деца кои имаат проблеми со зависност од дроги се дополнително индиректно дискриминирани врз основа на нивната етничка припадност и преголемата застапеност меѓу децата корисници на дроги.

Тужбата беше поднесена од страна на ЕЦПР во април 2020 година, по собирањетодокази од локалниот сервисен центар на НВО ХОПС, како и од Народниот правобранител на РСМ, кој подоцна се појави како сведок во постапката. Исто така, ЕЦПР во судот го донесе родителот на двајца малолетни корисници на дроги за да сведочи за нејзината неможност да ги однесе децата во здравствен центар каде ќе добијат третман. Во интервју, ромската мајка изјави: Побарав детето да биде хоспитализирано на психијатрија, но не прифатија бидејќи тој е многу млад. Ми рекоа: не можеме ништо данаправиме, тој дува лепак, треба да наполни 13 години за да може да го ставиме во затвор. А јас им реков дека тој може да умре пред да наполни 13 години…“.

Според НВО ХОПС, дури 40% од корисниците на нивниот центар се од ромска националност. Меѓу малолетните Роми, хероинот е предоминантна дрога што се користи, велат од оваа невладина организација. Во Северна Македонија, мнозинството деца кои користат дроги и супстанци што создаваат зависност се ромски деца изложени на социјален ризик, кои се улица или без родителска грижа.

ЕЦПР покрена неколку судски постапки во кои тужителите се ромски семејства што се соочуваат со проблемот на малолетничка зависност од дроги. Програмата за лекување, наложена во судската пресуда, треба да вклучи мултидисциплинарен приод и тим. Дополнително, Министерството за здравство е должно да отвори Центар за лекување деца кои користат психотропни супстанци, како и специјализирана здравствена установа за третман и нега на малолетни зависници од дроги. Во моментов, во Северна Македонија нема здравствена установа која нуди соодветна хоспитализација, третман и рехабилитација за деца кои имаат проблеми со зависност од дроги. Освен тоа, Министерството за здравство е задолжено да ги надомести правните трошоци на ЕЦПР за судската постапка, во износ од 33.135 денари (537евра), и тоа во рок од 15 дена по донесувањето на пресудата. Одлуката е првостепена пресуда и против истата може да се поднесе жалба

Related post