ЈАВЕН ПОВИК: За учеснички на обуки за фризерски, шминкерски и маникирски услуги

Здружението Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, го спроведува проектот “Обезбедување дополнителни квалификации за жените Ромки и поставување основа за нивниот ангажман во социјалното претпријатие – салон за убавина во Шуто Оризари”, со цел подобрување на социјалниот статус на младите Ромки и зајакнување на можностите да бидат поконкурентни на пазарот на труд, согласно нивните способности.Проектот се реализира со поддршка на Асоцијација за здравствена едукација и истражување –ХЕРА, а е финансиран од Европската комисија во рамки на ИПА Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017 што дава поддршка за граѓанските организации во рамки на Акциониот план на инструментот за поддршка на граѓанското општество 2016-2017.

Во рамки на овој проект се предвидени три бесплатни двомесечни обуки за вкупно 10 учеснички за:
-Фризер
-Шминкер
-Маникир

Секоја од обуките ќе биде во времетраење од вкупно 32 часа. Обуките ќе се реализираат во периодот август-септември 2019, во салон за убавина во Шуто Оризари опремен за потребите на овој проект, кој се наоѓа во објектите на ЦСИ НАДЕЖ на ул.Гвадалахара бр.20.
По завршувањето на обуките секоја учесничка ќе се стекне со валиден сертификат за учество во обука за фризер, шминкер или маникир, а ќе добие и дополнителна можност за практична работа во салонот во врeметрење од еден месец, како и можност за практична работа во реномирани салони за убавина во Скопје.
Исто така по завршување на обуките ќе се отвори можност за три најмотивирани учеснички да станат дел од мобилните тимови и да бидат ангажирани во социјалното претпријатие- Салон за убавина во Шуто Оризари, кое ќе започне со работа во рамки на овој проект.

Критериуми за учество/општ профил на учеснички:
• Невработени Ромки
• Да имаат завршено средно образование (приоритет ќе имаат кандидатките со завршена фризерска или козметичка струка)
• Да се мотивирани и подготвени да се стекнат или да ги унапредат своите вештини во една од трите области (фризер,шминкер или маникир)
• Да се на возраст меѓу 17-40 години
• Да се во можност да присуствуваат во текот на целата обука

Секоја кандидатка која е заинтересирана и ги исполнува наведените критериуми може да се пријави со пополнување на овој формулар или на адреса ул.Гвадалахара бр.20. Кандидатките кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани за интервју.

Пополни формулар: https://docs.google.com/forms/d/1gncVA3tAV697AhPnPAw_V9P_EdZ_sJwZ72AA82KLhZ8/viewform?fbclid=IwAR2zv-AnuvBr3902AhNnG3VZoQDtN6cinyc1959cTliQWtM7YfmFANalZbM&edit_requested=true

Dzulia Selim Memed

https://www.24vakti.mk

Related post