Аваја бара гласови за Ромите да имаат достоинствен живот
Новата ромска политичка партија Аваја е во интензивна кампања низ државата. Нејзините последни средби со граѓани беа во Кавадраци и Радовиш. Акиф Кариман, претседателот на Аваја, на средба со жителите на Кавадарци рече дека нивните гласачи во првиот круг на претседателските избори излегле во мал број и не им дале „поддршка на политичарите кои […]

Новата ромска политичка партија Аваја е во интензивна кампања низ државата. Нејзините последни средби со граѓани беа во Кавадраци и Радовиш.
Кариман вели дека Аваја не е тука да се заканува, туку да ја унапредува ромската политика, да даде место, простор и дом за сите Роми. Тој тврди дека Аваја е нов извор на надеж и спас.



