Јавен повик- ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ТРЕНЕРИ ЗА ЕУ АКАДЕМИЈА
Во рамки на проектот „Европска унија за нас“имплементиран од ЕМЦ24 ВАКТИ, кој е финасиран од европската унија , а е под-грант на проектот „Ромско граѓанско општество за пристапување во ЕУ“ шифра на проект IPA III/2022/441-801/4 објавува:
ЈАВЕН ПОВИК Бр:7
ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ТРЕНЕРИ ЗА ЕУ АКАДЕМИЈА
Датум: 7 Јули 2025
Едукативен и медиумски центар ЕМЦ 24ВАКТИ –Скопје, објавува Јавен повик за ангажирање на двајца тренери од областа на правото и ЕУ интеграциите, со цел подготовка и реализација на обука составена од неколку модули, прилагодени на возраста, способностите и предзнаењата на целната група – млади активисти и претставници на граѓански организации, со фокус на ромската заедница.
Позадина на проект
Проектот „Европска унија за нас “ се состои од снимање и прикажување на едукативно-информативни поткасти со истакнати и препознатливи стручни лица и експерти кои работат или на било каков начин делуваат со нивната работа во јавниот или приватниот сектор во областите и подрачјата поврзани со поглавјето 19 и 23 од преговарачките поглавја за пристап кон ЕУ. Дополнително со проектот се планира и организирање на дводневна ЕУ- Академија наменета за млади Роми, вработени или волонтери во граѓанскиот, студенти и средношколци – со нудење на можност за темелно запознавање со Европската унија, вредностите, начинот на функционирање, а со посебен акцент на преговорите, пристапувањата кон ЕУ и предизвиците со кои се соочува Р.С.Македонија како земја со проевропска ориентација.
Проектот има широк круг на опфат на лица и истото се постигнува со медиумско влијание и емитување на поткастите, а исто така и осврт кон младата категорија на лица како носители на теренските активности на значаен број на локални невладини организации на територија на општина Шуто Оризари.
Опис на ангажманот
Тренерите ќе бидат задолжени за:
– Подготовка на детална програма и методологија за реализација на четири модули;
Модули кои ќе се реализираат
- Модул 1: Поим и значење на Европската Унија
2. Модул 2: Институционална и правна рамка на ЕУ
3. Модул 3: Пристапување кон ЕУ – процес, критериуми и чекори
4. Модул 4: Проблеми и предизвици поврзани со Поглавја 19 и 23, со фокус на социјална инклузија на ромската заедница
Потребни квалификации на Тренерите
– Високо образование (најмалку VII/1 степен) во областа на правото, политички науки, европски студии или слични области;
– Искуство во подготовка и реализација на обуки или академии за млади и/или маргинализирани групи;
– Одлични комуникациски и фасилитаторски вештини;
– Познавање на прашања поврзани со Поглавје 19 и Поглавје 23 е предност.
Потребна документација за пријавување
– Професионална биографија (CV);
– Мотивациско писмо (максимум 1 страна);
– Преглед/нацрт-предлог на концепт за обука (максимум 2 страни);
Начин и рок за пријавување
Заинтересираните кандидати треба да ја испратат целосната документација најдоцна до11 јули 2025 , на е-пошта: euzanas02@gmail.com или salimemed@yahoo.com со назнака: „Пријава за експерт – ЕУ Академија“. преку пошта на ул.Радишанска лево број 57 Скопје или лично во канцеларија.
Напомена
Организаторот го задржува правото да контактира само со селектираните кандидати. Ангажманот ќе се реализира на територија на Град Скопје
Претседател:
Мисада Имер