Видео:Потпишан протокол за Сојуз на ромски граѓански организации

Вмрежувањето е клучно за одржливи и трајни промени во ромската заедница, велат од ромските и проромските граѓански организации после потпишувањето на протоколот за Сојуз на граѓански организации
Повеќе од 30 претставници на граѓанските организации на втората стратешка средба за вмрежување  споделија конкретни насоки за заедничка соработка и застапување на ромските прашања во процесот на пристапот кон ЕУ.
Во таа насока подготвен е  Протокол за соработка помеѓу организациите во насока на заедничко и организирано застапување.
Сојузот е формиран со заедничка цел да придонесат  за поактивно учество во креирањето на политиките за ромската заедница во Република Северна Македонија со вклучување на сите засегнати страни во процесот на исполнување на критериумите и вклученост на ромската заедница кон процесот на пристап кон  евроинтеграции.
„Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ” е проект кој има за цел активно и значајно учество на ромските граѓански организации во донесувањето одлуки и структурираниот политички дијалог за инклузија на Ромите, со цел поефикасна имплементација на реформите за пристапување во ЕУ.
Видео линк
ж

 

Related post