October 5, 2026
LIVEВО ЖИВО — Следете ги најновите информации и реакции

Вознемирувачко: Објавени фотографии од пpeтeпаниот Ром во Струмица ( Видео)

Вака изгледа претепаниот Ром денес во Струмица, објави Геге Демировски претседател на Народната партија на Ромите. https://www.youtube.com/watch?v=yAqi_PkCLzY Тој на Фејсбук повика да се соделува фотографијата од жртвата за да се изврши притисок од јавноста да се дознае за судбината на претепаниот.РекламаРЕКЛАМА · ДЕМО728 × 90 / 300 × 250 Според Демировски, од струмичката болница не […]

FacebookXWhatsApp

Вака изгледа претепаниот Ром денес во Струмица, објави Геге Демировски претседател на Народната партија на Ромите.

https://www.youtube.com/watch?v=yAqi_PkCLzY

Тој на Фејсбук повика да се соделува фотографијата од жртвата за да се изврши притисок од јавноста да се дознае за судбината на претепаниот.

Според Демировски, од струмичката болница не може да се добие информација за состојбата на претепаниот ниту дали е жив, а МВР кусо одговара дека го документира случајот.

Секторот за внатрешни работи Струмица во кординација со Основното јавно обвинителство презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, велат од МВР.

И активистите за заштита на правата на Ромите го вперија прстот кон обезбедувањето на премиерот Зоран Заев.

Неофицијално, луѓето во црно кои со палки и стапови го претепале Ромот биле од обезбедувањето на Заев, а до тепачка дошла по инцидент во казино.