Папата Франциск во Словачка ги осуди предрасудите кон Ромите

Папата Франциск денеска, за време на посетата на некои од најсиромашните словачки населби, ги осуди предрасудите кон Ромите и дискриминацијата кон нив, порачувајќи дека е погрешно да се етикетираат цели етнички групи.

На претпоследниот ден од неговата посета на Словачка, Папата го посети предградието на вториот по големина словачки град, Кошице.

– Не можеме да ја поедноставиме реалноста на другите за да одговара на нашите однапред замислени идеи – луѓето не смеат да бидат етикетирани, рече тој, зборувајќи во близина на дотраени бетонски згради покрај депонија, во која живеат околу 4.300 луѓе.

„Многу често бевте предмет на предрасуди и остра осуда, дискриминаторски стереотипи, клеветнички зборови и гестови“, рече Папата по обраќањето до неколкуте жители и католички свештеник кој и помагаше на ромската заедница.

– Резултатот е дека сите ние сме посиромашни во однос на човештвото, рече тој.

Словачка, земја со 5,5 милиони луѓе, е дом на околу 440.000 Роми, претежно на истокот од земјата.

Во своето обраќање, Папата апелираше до Ромите да напредуваат „чекор по чекор, со чесна работа, заработувајќи достоинствено“.

Неговата последна активност денеска беше обраќање до младите на фудбалскиот стадион во Кошице.

Related post