АДРР СОНЦЕ ја заврши кампањата за подигање на јавната свест за справување со говор за омраза и дискриминација кон припадници ранливи категории

Асоцијација за Демократски Развој на Ромите СОНЦЕ ја заврши кампањата за подигање на јавната свест за справување со говор за омраза и дискриминација кон припадници на ранливи категории на население која беше насочена кон младите од основни, средни училишта, високообразовни институции како и општата јавност со цел да се зголеми свесноста за препознавање и спречување на говорот на омраза.

Кампањата се одржа во месец октомври и ноември преку организирање на отворени денови со ученици, студенти и граѓани како и објави на социјалните и пишаните медиуми во земјите од Западен Балкан. (4) настани беа организирани во рамките на отворените денови за справување со говорот на омраза со учество на преку 200 учесници од нашата земја и тоа, 58 ученици од основни училишта, 61 средношколец, 33 студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа и 47 граѓани во Тетово со цел сензибилизирање, подигање на свеста и активно вклучување во борбата против говор на омраза особено кон ранливите групи на население и ромската заедница. Младите препознаваат говор на омраза, од секојдневието знаат кои групи или поединци се најчесто предмет на говор на омраза. При тоа, за најодговорни ги сметаат возрасните и повикуваат на сеопфатни решенија со цел да се сузбие оваа појава во општеството- изјави претставник на АДРР СОНЦЕ- Тетово.

Во рамки на отворените денови со младите се разговараше за најчестите предрасуди и примери на говор на омраза со кои се соочува ромската заедница, слободата на говор и како заеднички и поединечно да придонесеме во справувањето со говорот на омраза. Беа поделени повеќе од 300 брендирани маички, тетратки, беџови, брошури, алки и лепенки со порака Блокирај омраза. Сподели љубов како и 100 флаери со специфични пораки за борба против дискриминација и говор на омраза кон ромската заедница.

Кампањата беше дел од проектот “Справување со  говорот на омраза во земјите од Западен Балкан” кој го спроведува АДРР СОНЦЕ поддржан во рамките на Акција за промовирање на различноста и еднаквоста во Западен Балкан преку Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција, заедничка програма на Европската Унија и Советот на Европа која има за цел да ги поддржи властите во Југоисточна Европа да се усогласат со стандардите на Советот на Европа и законодавството на Европската Унија во рамките на процесот на проширување.

 

Related post