Јавен повик – УЧЕСТВО НА ЕУ АКАДЕМИЈА ЗА МЛАДИ РОМИ

Во рамки на проектот „Европска унија за нас“имплементиран од ЕМЦ 24ВАКТИ, кој е финасиран од европската унија , а е под-грант на проектот „Ромско граѓанско општество за пристапување во ЕУ“ шифра на проект IPA III/2022/441-801/4 објавува:
ЈАВЕН ПОВИК БР 6/2025
УЧЕСТВО НА ЕУ АКАДЕМИЈА ЗА МЛАДИ РОМИ
Датум: 03 јули 2025
Здружението Едукативен медиумски центар 24ВАКТИ- Скопје, објавува јавен повик за учество на дводневна ЕУ Академија наменета за млади Роми од територијата на Град Скопје.
🗓 Времетраење: 2 дена
📍 Локација: Скопје
📌 Целна група: Млади Роми од 16 до 29 години
ПОЗАДИНА НА ПРОЕКТОТ
Проектот „Европска унија за нас “ се состои од снимање и прикажување на едукативно-информативни поткасти со истакнати и препознатливи стручни лица и експерти кои работат или на било каков начин делуваат со нивната работа во јавниот или приватниот сектор во областите и подрачјата поврзани со поглавјето 19 и 23 од преговарачките поглавја за пристап кон ЕУ. Дополнително со проектот се планира и организирање на дводневна ЕУ- Академија наменета за млади Роми, вработени или волонтери во граѓанскиот, студенти и средношколци – со нудење на можност за темелно запознавање со Европската унија, вредностите, начинот на функционирање, а со посебен акцент на преговорите, пристапувањата кон ЕУ и предизвиците со кои се соочува Р.С.Македонија како земја со проевропска ориентација.
Проектот има широк круг на опфат на лица и истото се постигнува со медиумско влијание и емитување на поткастите, а исто така и осврт кон младата категорија на лица како носители на теренските активности на значаен број на локални невладини организации на територија на општина Шуто Оризари.
👥 КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?
Приоритет ќе имаат:
- Вработени лица и волонтери во локалните граѓански организации од Шуто Оризари
- Роми студенти и средношколци од Град Скопје
- Корисници на услуги, номинирани од страна на локални организации од Шуто Оризари
🎯 ЦЕЛ НА ЕУ АКАДЕМИЈАТА
Преку интерактивни предавања, дискусии и практични примери, младите учесници ќе стекнат основно разбирање за Европската Унија, нејзините институции и процесот на пристапување на Северна Македонија кон Европската унија.
📚 МОДУЛИ НА ОБУКАТА:
- Поим и значење на ЕУ
- Институционална и правна рамка на ЕУ
- Процесот на пристапување кон ЕУ
- Предизвици поврзани со Поглавјата 19 и 23, со фокус на инклузијата на ромската заедница
🧠 КАКО ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ ОБУКАТА
Обуката ќе биде прилагодена според возраста и искуството на учесниците. Модулите ќе ги спроведуваат експерти од областа на правото и ЕУ интеграциите, со соодветно подготвени едукативни материјали.
🎓 СЕРТИФИКАТ ЗА УЧЕСТВО
По завршувањето на академијата, сите учесници ќе добијат сертификат за успешно учество.
По завршувањето на академијата присутните учесници ќе бидат дел од организирање на инфо сесии /работилници за Еу интеграции од поглвјето 19 и 23 и европските вредности и предизвици. Со цел искуствата од Еу академијата да ги пренесат на повеќе млади Роми во Скопје.
📩 ПРИЈАВУВАЊЕ
Сите заинтересирани млади Роми од Скопје и Шуто Оризари можат да испратат кратка биографија со назнака за „ Еу академија“ на следните е-маил адреси euzanas02@gmail.com или salimemed@yahoo.com
Или лично да се пријават во просториите на ЕМЦ 24ВАКТИ која се наоѓа на ул. Тиквешка број 4 Шуто Оризари Скопје
📆 Краен рок за пријавување: 15 август 2025 година.
Само селектираните кандидати ќе бидат информани за датумот и местото на оддржување на ЕУ АКАДЕМИЈАТА
За повеќе информации следете нè на www.24vakti.mk или пишете ни на ФБ 24vakti.mk
Контакт лице: Координатор на проект Сали Мемед
Моб. 078 441 429