#Konkursija #NVO #Roma ki MK

ЈАВЕН ПОВИК БР.002А/2025/ Проект “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија„

Проект “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија„

Здружение Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија – ЗРДИЦМ од Скопје во рамките на проектот ,,Обединети во различноста – Патот до инклузија‘‘ финансиски поддржан од грантовата шема на “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, финансиран од Европската унија,IPA III/2022/441-801/5  спроведуван од  АДРР Сонце од Тетово , Ромски Ресурсен Центар, РАЖМ Лулуди и Симплексис  за потребите на проектот ,,Обединети во Различнста-Патот до Инклузија,,  Објавува:

ЈАВЕН ПОВИК БР.002А/2025

За организирање на дебата бараме изнајмување на простор, освежување за 50 лица и техничка подршка со изнајмување на техника во рамки на проектот „ Обединети во Различнста-Патот до Инклузија “.

  • Позадина на проектот

Проектот “Обединети во Различноста – Патот до Инклузија” има за цел да ја унапреди инклузијата на ромската заедница во Република Северна Македонија, особено во контекст на интеграцијата во Европската Унија. Улогата на ромската заедница е клучна во овој процес, а проектот ќе се фокусира на подигање на свесноста за нивните права и култура преку различни комуникациски платформи.

Фокус:

  • Инклузија на ромската заедница во општеството
  • Поддршка на процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија
  • Подигнување на јавната свест за значењето на ромската заедница во контекст на ЕУ интеграциите

Цели:

  • Да се подигне свесноста на јавноста за важноста на инклузијата на ромската заедница во процесот на ЕУ интеграции.
  • Да се промовираат правата и културата на ромската заедница.
  • Да се иницира дијалог помеѓу ромската заедница, НВО и релевантни институции.
  • Да се разработи и дистрибуира “policy brief” со заклучоци и препораки.

1.2 Опис за потребите

  • Изнајмување на простор за дебата за 50 лица
  • Освежување во вид на вода , кафе, сок , грицки (солени-благи) за време на дебата и паузата за 50 лица
  • Техничка подршка – изнајмување микрофони, озвучување, проектор за видеа и др.

1.3 Право на учество имаат:

Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за барање на понуда.

1.4 Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Ценовник за изнајмување на простор со опис на простор
  • Да имаат можности за поставување на проектор и технички подршки во вид на микрофони, озвучување и др.
  • Да доставаат ценовник за пијалоци и грицки -понуда за 50 лица за настанот
  • Да обезбедат персонал за послужување на пијалоци
  • Да се постават микрофоните за говорници , проектор за видеа , озвучење и друго се што е потребно за техниичка подршка за една дебата

1.5 Место на извршување на работните задачи и времетраење на ангажманот

Организирање на дебата ке се одржи во Скопје

Време е средина на јуни – точната дата ке се утврди дополнително 

Краен рок за пријавување е 5 работни дена од датумот на објавување на јавниот повик односно до 03.06.2025 година 

Ве молиме земете ги предвид дека понудените цени треба да се без ДДВ. Плаќањето ке се изврши по фактура издадена од УЈП без ДДВ.

Комплетната документација може да се достави електронски на  следната е-маил адреса: association.rbicm@gmail.com

или лично како и по пошта на следната адреса:

 ул„ 376, бр.108, 1000 Скопје

Телефон за контакт : 2656-901, 070 273 021

Лице за контакт: Весна Димова

Ненавремено доставена и некомплетна документација нема да биде земена во предвид.

 

Скопје, 26.05.2025