#NEVIPE #Roma ki Lumia #Roma ki MK

Како почна така и завршува првиот дел од кампањата – оцрнувања, врамувања, навреди

Ваквиот тек на кампања го наметнуваат и лидерите на двете најголеми парламентарни партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а тој започна уште на стартот на официјалниот дел со врамување и оцрнување дури и на самите слогани,  пишува „Вистиномер“. 

Кампањата за локалните избори чиј прв круг е закажан в недела (19.10.2025), е невообичаена во смисла дека сите поголеми парламентарни партии изборите ги ценат како референдум за тоа кој колку вреди за натамошно водење на државата на централно ниво, а не како 81 референдум за тоа кој нуди поквалитетна и остварлива програма за водење на општините и на Град Скопје.

Во таа смисла во медиумите во делот на информативната програма доминираат пораките од лидерите на политичките партии наместо од кандидатите за градоначалници кои тие ги испраќаат од секој митинг во изборната кампања или од секое гостување во медиумите. Тоа го покажува и следењето на изјавите на лидерите на двете најголеми парламентарни партии во македонскиот блок ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Венко Филипче, кои зборуваат на национални теми, теми со кои се занимава централната власт, користејќи често притоа и навредлив говор за политичкиот противник, а тоа после го правдаат дека другата страна прва почнала (види тука и тука).

Повеќе на линк https://meta.mk/kako-pochna-taka-i-zavrshuva-prviot-del-od-kampanjata-ocrnuvanja-vramuvanja-navredi/