На ден 13 октомври 2025 година (понеделник) со почеток од 11:00 часот пред Плоштад Amaro Mall во општина Шуто Оризари, се одржа креативен активизам со наслов: „Граѓаните избираат: здравје за сите!“

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ
На ден 13 октомври 2025 година (понеделник) со почеток од 11:00 часот пред Плоштад Amaro
Mall во општина Шуто Оризари, се одржа креативен активизам со наслов: „Граѓаните избираат:
здравје за сите!“ жените бараат бесплатни услуги за време на бременоста, при породувањето и
за доенчињата,
Почитувани,

„Во Програмата за партиципација при користењето на здравствена заштита на одделни
заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата, предвидени
се сите прегледи за време на бременоста, породувањето и здравствената заштита на
доенчињата да бидат бесплатни за граѓаните. Меѓутоа податоците од нашето
истражување покажаа дека над 80% од жените Ромки плаќаат за прегледите и тоа
најмногу за ехо-преглед, за време на бременоста и тоа пред се кај матичните гинеколози“
Иако истата Програмата за партиципација обезбедува бесплатни ортопедски прегледи за
доенчињата, нашето истражување покажа дека само 55% од испитаничките ги направија
овие прегледи и од нив околу 6% платиле, иако им следува бесплатно.Како причина за
ова наведуваат дека дека нема доволно термини на „МОЈ ТЕРМИН“.
Токму ова истражување ни покажа и дека освен што недостига искористеност на
превентивните мерки недостига и информираност кај Ромките и маргинализираните
заедници. Дури 92% од испитаничките одговориле дека воопшто не знаат за овие
превентивни мерки и начинот за нивно искористување.
Истражувањето се спроведе на територија на Шуто Оризари, Штип и Куманово во
2023година. Целото истражување е достапно на следниов линк:

Во пресрет на локалните избори 2025, преку симболиката на изборен ден за
здравје,креативниот активизам има за цел да потсети дека секој граѓанин има право на
глас не само во изборниот процес, туку и во борбата за еднаков пристап до квалитетна
здравствена заштита. Воедно, денес во екот на изборната кампања ги поканивме сите
кандидатите за Градоначалници на Општина Шуто Оризари да дојадат и да се заложат за
барањата од граѓаните, каде ниту еден не се појави!
Токму од тука Шуто Оризари, општина каде живее најголем број од ромската заедница
укажуваме на долгогодишен проблем со немање на матични општи лекари кои треба да
бидат директни имплементатори на овие превентивни мерки, предвидени од
Министерство за здравство. Освен матични општи лекари недостигаат и педијатри а
воедно и здравствен медицински кадар кој треба да превенира и лекува 25.726 жители
согласно последниот Попис 2021година.
1. Бараме од Министерство за здравство и Фонд за здравствено осигурување веднаш
да даде приоритет за изнаоѓање на решение на овие проблеми со кои се соочуваат
жените и да осигура соодветно спроведување на превентивни мерки и воедно да го
зголеми буџетот на превентивните мерки со цел да се заштити здравјето навремено
токму кај најранливите групи, односно жените за време на бременоста и
доенчињата. Посебен фокус треба да се даде на соодветно информирање и
искористување на мерките од страна на ранливите и маргинализираните категории
на граѓани.

2. Бараме од Министерство за здравство да овозможи еднаков пристап до здравствени
услуги и да овозможи правилно распоредување на здравствените услуги. Како што
се општи лекари, педијатар, лаборатории и дежурна служба во и во Здравствен
Дом- Шуто Оризари. Веднаш и најитно да воспостави управителска и менаџерска
администрација во Здравствен Дом-Шуто Оризари, со цел успешно функционирање
на институцијата и пристап до здравствени услуги!
3. Бараме од идниот Градоначалник и Советот на Општина Шуто Оризари да се
заложат за горе наведените барања а исто така да овозможат и дополнителни
акциски планови наменети за здравство со посебен фокус на здравјето на
жените во Шуто Оризари!
Со ова ги потсетуваме и Министерство за здравство и надлежните институции да
го слушнат гласот на народот и пораките кои денес беа испратени од Шуто
Оризари:
„Да се зголеми бројот на матични лекари во Шуто Оризари“
„Да се зголемат термините за закажување специјалистички прегледи преку „мој
термин“
„Да се реновира Амбулантата Шуто Оризари за пристојни и квалитетни
здравствени услуги“
„Да се овозможи дежурна служба и итна помош во Шуто Оризари“
„Да се зголемат специјалистички услуги во Амбуланта Шуто Оризари како:
педијатар, психолог, интернист итн.“
„ Да се овозможат патронажни посети во Шуто Оризари“
„Да се овозможат бесплатни прегледи во текот на бременост и по породувањето“.
Креативен активизам „Граѓаните избираат: здравје за сите!“ произлегува од проектот
„Унапредување на здравствени права на жените, девојките и ранливите групи“, кој е поддржан од
Влада на Швајцарија преку ЦИВИКА Мобилитас. Преку овој проект се анализираат следните
превентивни програмите од Министерство за здравство: Програма за партиципација, Програма за
малигни заболувања, Програма за активна здравствена заштита на мајки и деца и Програма за
ХИВ.





















































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































































