#NVO #Roma ki MK

Policy Brief – Обединети во различноста: Патот кон инклузија на Ромите во општеството на Република Северна Македонија

Обединети во различноста: Патот кон инклузија на Ромите во општеството на Република Северна Македонија

Подготвено од: Здружение Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија

 “Поддржан од грантовата шема на “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, спроведуван од    „Асоцијација за Демократски Развој на Ромите Сонце“ од Тетово, „Ромска Асоцијација за жени и млади “Лулуди„ од Скопје,  „Ромски Ресурсен Центар “од Скопје и „Симплексис “од Грција, а финансиран од  Европската унија.”

 Извршно резиме

И покрај формалните заложби за еднаквост и правичност, ромската заедница во Република Северна Македонија останува меѓу најмаргинализираните и најранливите групи. Нееднаквиот пристап до образование, вработување, здравствена заштита и домување, заедно со длабоко вкоренетиот антициганизам, ја спречуваат нивната целосна општествена вклученост.

Овој документ укажува дека интеграцијата на Ромите е морална обврска, но и предуслов за одржлив развој, социјална стабилност и успешна евроинтеграција. „Обединети во различноста“ мора да биде повеќе од декларативен слоган — тоа е повик за акција, спроведување на политики засновани на човекови права и активна вклученост на ромската заедница во процесите на одлучување.

Политичката волја, институционалната соработка и пристапот до европските фондови можат да го променат текот на ромската исклученост. Инвестирањето во образованието, домувањето и економското осилување на Ромите не е само чин на социјална правда, туку и двигател за општ напредок.

Повеќе на следниот линк

Обединети во различноста: Патот кон инклузија на Ромите во општеството на Република Северна Македонија