АВАЈА ја почна кампањата за парламентарни избори во Струмица
Со отворање на партиски штаб во Струмица и промоција на носителот на кандидатската листа во изборната единица 4, Кемал Сулејманов политичката партија Аваја го означи почетокот на кампањата „Доста е“.
Носителот на кандидатската листа за пратеник од Изборната единица 4, Кемал Сулејманов, рече:
„Патот на кој што почнавме да чекориме е тежок, но како и секогаш пред да одлучам да тргнам, комуницирав со моите комшии, со моите надобри пријатели, со мојата фамилија и со сите со кој се поздравив. Кога излегов во моето маало и улицата каде што пораснав сите едногласно ме мотивираа дека времето е сега. Сега е за тоа што ДОСТАЕ! Од политичари кои само гледат за себе. Време е да се сплотиме и заедно да ја напишеме поновата историја. Време е! Да размислиме дали ќе гласаме за наши луѓе или за непознати лица, кои ќе не заборават по избори. Да гласаме за Аваја и да го заокружиме бројот 10 на изборите на 8 мај“, рече Сулејманов.
Политичката партија Аваја, на овие избори настапува самостојно во 4 изборни единици со свои кандидатски листи.