#NVO #Roma ki MK

КОМИТЕТОТ НА ООН ПРЕСУДИ ВО КОРИСТ НА РОМИТЕ ВО СЛУЧАИТЕ НА КОНФИСКАЦИЈА НА ПАСОШИ И ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СЛОБОДАТА НА ДВИЖЕЊЕ

Брисел, Скопје, 11 март 2026: Европскиот центар за правата на Ромите (ERRC) ја поздравува одлуката соопштена од Комитетот на Обединетите нации за елиминација на расната дискриминација (CERD) во врска со конфискацијата на пасоши од ромски граѓани кои биле вратени од земји на ЕУ. CERD утврди дека Република Северна Македонија прекршила неколку одредби од Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација во однос на третманот на апликантите во случајот
Salim и други прот ив Северна Македонија.

Апликантите во случајот се седум лица од две семејства, сите државјани на Република Северна Македонија од ромска етничка припадност, кои биле присилно вратени од Германија во април 2014 година, по одбивањето на нивните барања за азил. По пристигнувањето на меѓународниот аеродром во Скопје, тие биле однесени во полициската станица на аеродромот на распит, при што нивните пасоши биле конфискувани за период од една година. Дополнително, на двајца од апликантите им била изречена
забрана за патување со која им се забранувало да ги користат своите лични карти за патување во соседни
земји, како што е Србија.

На 25 јуни 2014 година, Уставниот суд пресуди дека ограничувањето на слободата на движење на државјаните на Република Северна Македонија со цел заштита на имиграциските политики на други држави е неуставно, а едногодишната забрана за патување е незаконска. И покрај оваа одлука, властите не ја прекинале практиката ниту пак ги вратиле конфискуваните пасоши по службена должност, со што

КОМИТЕТОТ НА ООН ПРЕСУДИ ВО КОРИСТ НА РОМИТЕ ВО
СЛУЧАИТЕ НА КОНФИСКАЦИЈА НА ПАСОШИ И
ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СЛОБОДАТА НА ДВИЖЕЊЕ

се продолжила дискриминаторската политика. Пасошите на апликантите биле вратени дури во април и
мај 2015 година.

Во 2017 година, апликантите и ERRC поднесоа тужба за дискриминација против Министерството завнатрешни работи, тврдејќи дека непоништувањето на одлуките за конфискација и невраќањето на пасошите по службена должност претставува дискриминација, нагласувајќи дека ромските граѓани биле несразмерно погодени и дека нивната слобода на движење била неоправдано ограничена.
CERD утврди дека домашните судски одлуки не ја препознале административната политика за пасоши како индиректно дискриминаторска и не го примениле механизмот за префрлување на товарот на докажување што го бара антидискриминациското право. Како резултат на тоа, апликантите не ги добиле своите пасоши автоматски, не им била исплатена никаква компензација за ограничувањето на патувањето или за економските загуби, ниту пак им била обезбедена сатисфакција за претрпената штета.
Наместо автоматско враќање на конфискуваните пасоши, Министерството за внатрешни работи им наложило на полициските оддели пасошите да се враќаат само доколку засегнатите лица сами покренат управна постапка. Како што нагласи CERD, државата не презела ефективни мерки за спроведување на одлуката на Уставниот суд, вклучително и враќање на конфискуваните пасоши по службена должност.

Оваа административна практика го продолжила незаконското ограничување на слободата на движење на апликантите и наметнала непотребен товар врз засегнатите лица.

„Оваа одлука е резулт ат на години заст апување и судски пост апки предводени од ERRC за разот кривање на дискриминат орскит е практ ики кои се корист ат за ограничување на слободат а на движење на Ромит е,“ изјави правната директорка на ERRC, Сенaда Сали. „Заедно со пресудат а во случајот Memedova и други прот ив Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, како и ст авовит е на Комит ет от за човекови права на ООН во случаит е Kjazimova прот ив Северна Македонија и Abdulovski прот ив Северна Македонија, оваа одлука заокружува корпус на меѓународни наоди кои ги разот криваат различнит е т акт ики шт о власт ит е ги корист еле за да им го ускрат ат на македонскит е Роми нивнот о најосновно право – слободат а да ја напушт ат сопст венат а држава.“
Конкретно, CERD заклучи дека државата ги прекршила:

• Член 2(1)(а) и 2(1)(в) поради неуспехот да обезбеди јавните власти да постапуваат во согласност
со обврската за елиминација на расната дискриминација и поради неуспехот ефективно да ги
укине и отстрани дискриминаторските практики;
• Член 5(д)(ii) во врска со правото да се напушти која било држава, вклучително и сопствената;
• Член 6 поради неуспехот на домашните судови да обезбедат ефективна заштита и правни средства за дискриминацијата што ја претрпеле апликантите.

Откако утврди дека апликантите не добиле ефективни правни средства или компензација на домашно ниво, CERD ја нагласи одговорноста на државата да обезбеди целосна репарација за прекршувањето на Конвенцијата и правата на апликантите. Комитетот, исто така, побара од властите на Република Северна

Македонија да преземат дополнителни мерки за да обезбедат постојното законодавство да се применува
на ефективен начин „со цел да се спречи структурната индиректна дискриминација и да се унапреди
суштинската еднаквост.“