Адријан Рустемовски стартуваше со победа на Европското првенство во Пореч
Адријан Рустемовски го победи со Полјакот Сочовка Игор Презмислав 4-1 на Европското првенство во бокс за помлади сениори и помлади сениорки во Пореч, Хрватска.
На Рустемовски му требаат уште две победи за да стигне најмалку до бронзен медал.
А Бјарам Маутовски на 11 април ќе ги одмери силите со Олександар Звириев од Украина. Со побед Мамутовски обезбедува бронзен медал.
На Европското првенство во Пореч се пријавени 253 помлади сениори и 123 помлади сениорки (вкупно 376 млади боксери и боксерки родени 2006 и 2007 година) од 35 земји.
Резултати – Европско првенство – Пореч:
57 кг Адријан Рустемовски – Сочовка Игор Презмислав (Полска) 4-1 7 април 1/16 финале
48 кг Бајрам Маутовски – Олександар Звириев (Украина) 11 април ¼ финале