Алтернатива вели „не“ на СДСМ и ДУИ – Ибрахими: АА/ААА и ВМРО-ДПМНЕ ќе формираат ново мнозинство

Алтернатива не прифаќа заедничко владеење со СДСМ и ДУИ, изјави секретарот за односи со јавноста на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими. Вели дека на почетокот на декември ќе биде формирано ново парламентарно мнозинство од кое дел ќе биде коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива, ВМРО-ДПМНЕ и неколку помали партии.

„Ние не побаравме да се приклучиме. Не гледам причина некој да прифаќа неартикулирани барања. Немаше ниту едно барање, ниту молба за Алтернатива да му се приклучи на парламентарното мнозинство. Ние сме во процес на формирање ново парламентарно мнозинство од кое дел нема да бидат оние што се сега во Влада која речиси и воопшто не постои“, посочи Зеќирија Ихбрахими.

Н: Кој ќе го сочинува парламентарното мнозинство кое го планирате?

З.И.: Основата на ова парламентарно мнозинство ќе бидат Алтернативата и Алијансата за Албанците, ВМРО-ДПМНЕ и некои други помали партии.

Генералниот секретар на Движење Беса, Арјанит Хоџа во „Клик Плус“ рече дека Алтернатива и во случај да го поддржи нивниот противкандидат од редовите на ДУИ, сепак не се „против“ Алтернатива да биде дел од Владата.

Н: Имате нешто против Алтернатива да влезе во Владата?
А.Х.: Не воопшто.
Н: А против Алијанса за Албанците?
„Дилемата беше дека Беса не може со Алтернатива во Влада. Ѝ ја отстранувам дилемата на Беса. Ние немаме проблем да го зголемиме парламентарното мнозинство од 62 на 65. Но, очигледно е дека ќе има движење“, посочи Арјанит Хоџа.

Во однос на тоа дали пратениците на Алтернатива можат да му се приклучат на мнозинството, Крешник Бектеши со одговор:

„За нас е добредојдена секоја политичка партија која се согласува со програмата на ДУИ, Беса и СДСМ, која е заедничка владина програма. Не само Алтернатива, туку и други опозициски пратеници“, вели Крешник Бектеши.
Н: И Алијанса?
К.Б.: Тие се изјаснија дека не прифаќаат.

Досега некои од помалите партии кои се дел од Владата, а кои воедно на локалните избори настапија сами, изјавија дека ќе останат дел од актуелната Влада со СДСМ. ДУИ порача дека владината коалиција со СДСМ е стабилна, а истото го изјавија од БЕСА и ДПА.

 

Related post