Ампева: Работниците сè повеќе се свесни за своите права, приватниот сектор е помалку заштитен
Ова е ставот на правниот тим на Здружението „Гласен текстилец“, кој ги анализираше состојбите со работничките права по повод 1 мај- Денот на трудот.
Судските постапки вообичаено се парични побарувања за неисплатени плати и додатоци на платата. Адвокатот, Донче Стаменков кој е дел од правниот тим на „Гласен Текстилец“ забележува дека јавната администрација е во по поволна позиција, зашто тужбените барања во целост се наплатуваат преку позитивни пресуди на надлежните судови.