Андоновска: Екологијата мора да биде еден од приоритетите на идната влада
Носителката на листата во првата изборна единица од ГРОМ, Добрила Андоновска порача дека многу непта треба да се направат. Заштитата на животната средина им е еден од приоритетите, почнувајќи од големите проекти. Таа праша, што направија сите Влади наназад за реките и езерата?
„Кога зборуваме за екологија не треба да се задржиме само на амбиенталниот воздух во големите градови, што станува со нашите езера и со нашите реки? За Преспанското Езеро, не знам дали знае јавноста, постои некоја физибилити студија од пред 20 години, јас ја имам, никој не ја спомнува, кој како ќе дојде на власт спомнува нешт ново. Ние ќе почнеме со физибилити студија, во меѓувреме езерото ни замина, што останува друго со сите природни убавини што ги имаме, со сите скијачки центри кајшто луѓето можат и бесплатно да спортуваат, да се дружат“, вели Андоновска.
„Ќе се трудиме пред се со некои мастер-планови да влеземе, не можете да се борите за нешто ако немате мастер-план. Еве да ги поврзам Охридското и Преспанското Езеро, на времето постоеја скијачки центри на Галичица, што станува со нив, со другите скијачки центри кајшто одржувавме Шарпланински купови, што станува со Маврово останато во рацете на приватници што се грижат само за личниот профит. Што станува со бањскиот туризам? Значи кога зборуваме за туризам и екологија, треба да бидат достапни за сите. Не треба да бараме чист воздух надвор од државата, а не си го бараме тука. Скоро имаше некое интревју со некој долгогодишен градоначалник на Љубљана, се чуди како може до тој степен да си ја загадиме природата? Што станува со Охридското Езеро и сите пловни езера кајшто горивото го сипуваат од канти и истекува во езерата, на пример еден Блед или Плитвички Езера работат исклучиво на струја. Многу е комплексен проблемот лично верувам дека некои помлади генерации, ние ќе ги кажеме горливите проблеми ама треба млади луѓе кои ќе влезат исто така во парламентот да застанат зад сите овие проекти кои темелно и долгорочно ќе ги отстранат овие проблеми“, рече Андоновска.