Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата на првостепениот суд (по налогот за повторно судење на Врховниот суд) во корист на Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР)
Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата на првостепениот суд (по налогот за повторно судење на Врховниот суд) во
корист на Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) во име на децата од Воспитно-
поправниот дом во Тетово (моментално лоциран во с. Волковија), на кои им е ускратено правото на
образование. И покрај ваквата судска одлука, ЕЦПР дозна дека во домот сè уште не се обезбедува
образование, иако овој месец започна новата учебна година. ЕЦПР ги потсетува Управата за
извршување на санкции (при Министерството за правда) и Министерството за образование на
нивните обврски, наложени од највисокиот суд во земјата, да обезбедат пристап до образование на
овие деца.
„Обезбедивме три домашни судски пресуди во корист на децата во Воспитно-поправниот дом во
Тетово. Основниот Граѓански суд Скопје 2, Апелациониот суд и Врховниот суд потврдија дека
необезбедувањето на образование на децата во оваа институција претставува дискриминација и
повреда на нивните права. Но, со почетокот на новата учебна година, надлежните сè уште не го
исполнуваат ова основно право. Ги повикуваме Министерството за правда и Министерството за
образование итно да ги исполнат своите законски обврски и да ја спроведат неодамнешната
пресуда на Апелациониот суд. Доколку надлежните институции не ги исполнат обврските наложени
со судската пресуда, ние сме подготвени да покренеме постапка на извршување против истите,
вклучително и индивидуални кривични пријави против одговорните лица во наведените институции“,
рече Правната директорка на ЕЦПР Сенада Сали.
Апелациониот суд ја потврди обврската на
властите да обезбедат образование за децата
во Воспитно-поправниот дом во Тетово
Врховниот суд во април годинава му наложи на Апелациониот суд да го преиспита случајот и ја
нагласи потребата од подетална пресуда. Нивната одлука вклучуваше прва анализа на
индиректната дискриминација во колективна жалба (actio popularis) од страна на судот,
нагласувајќи дека фокусот треба да биде на нееднаквиот третман и различните ефекти од таквиот
третман кои ги доживуваат поединци на различни позиции. Судот истакна дека во случаите на
индиректна дискриминација, ефектите од таквиот третман, кои луѓето на различни позиции можат
да ги чувствуваат поинаку, т.е. разликата во третманот може да биде во форма на
непропорционални пристрасни ефекти на општа политика или мерка, изразени на неутрален начин
што дискриминира одредена група на луѓе.
Со оглед на непоправливата штета што лишувањето од образование ја предизвикува на животите
на овие деца, ЕЦПР е подготвена да преземе дополнителни правни мерки согласно закон за да
обезбеди заштита на нивните права. Неспроведувањето на пресудата може да резултира со дневни
парични казни за одговорната институција, додека кривичната одговорност за одговорните лица
предвидува затворска казна од 1 до 10 години (врз основа на член 377 (4) од Кривичниот законик).
Во потрага по дополнителен правен лек, ЕЦПР веќе го поднесе случајот пред Европскиот суд за
човекови права во име на едно од децата кое во минатото престојувало во Воспитно-поправниот
дом без пристап до правото на образование.
Историја на случајот
Колективната тужба на ЕЦПР го опфати периодот од 14 септември 2015 година до 4 март 2020
година и се однесуваше на неуспехот на системот за воспитна корекција на малолетници во
Република Северна Македонија да обезбедил еднаков пристап до образование за децата сместени
во поправниот дом во однос на сите останати деца (директна дискриминација според статусот).
Поради тоа што мнозинство од засегнатите деца во домот беа и сеуште се Роми, тужбата опфати и
индиректна дискриминација врз основа на етничка припадност.
Тужбата на ЕЦПР беше фокусирана на посетата на воспитно-поправниот дом во 2017 година, како
и на две посети од страна на Народниот правобранител, кои покажаа дека формалн образование
на малолетниците во установата не е обезбедено, што несразмерно влијае на децата Роми.
Следствено, овие млади лица по ослободувањето, не само што повторно се соочуваат со расизам,
исклученост и дискриминација во секојдневниот живот, дополнително на истите им е попречена
можноста за ресоцијализација поради ограничениот пристапот до можности за работа поради
недостаток на сертификати за завршено основно или средно образование.