Арсовска на средба со сопственици на индустриски објекти: Достапни општински служби и подобра инфраструктура

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Данела Арсовска денеска имаше средба со сопственици на индустриски објекти во општина Аеродром. Таа им вети 24 часа достапна општинска канцеларија за сите нивни потреби, со што ќе ја завршуваат работата без губење време и непотребни чекања.

Сопствениците побараа добри сообраќајни решенија за да не се прават недогледни колони и метеж, оценувајќи дека автобускиот превоз што ги носи вработените е бавен и нередовен, а сето тоа се одразува врз нивната работа и врз функционирањето на фирмите.

Според нив, малите и средните фирми трпат поради нефункционална инфраструктура, лошата патна поврзаност со другите делови на градот.

Од тимот на Арсовска информираат дека сопствениците на индустриски обвјекти се пожалија и дека нема осветлување по улиците и покрај тоа што плаќаат иста комунална такса како сите граѓани

Related post