Борба помеѓу Реал и Ливерпул која може да ја смени историјата на фудбалот!
Ливерпул и Реал Мадрид влегоа во борба која би можела да ја смени историјата на фудбалот, пишува денеска мадридски „АС“ и нагласува дека станува збор за трка за потписот на Килијан Мбапе.
Младиот Французин блеска во дресот на ПСЖ и моментно е една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал во поновата ера.
Реал веќе подолг период ја следи ситуацијата со Мбапе, а единствениот проблем на претседателот на „кралскиот“ клуб, Флорентино Перез е што и Ливерпул ја има истата желба.
Англискиот тим на хартија сигурно нема куповна моќ што ја има Реал, но за Мбапе е подготвен да го „жртвува“ еден од најдобрите играчи во последните години.
Мохамед Салах, наводно, носи немир во соблекувалната на Ливерпул со своето незадоволство од низата слаби резултати и сигурно е дека тој може да го напушти клубот со скап трансфер ова лето.
Тој велеше дека неговата цел во кариерата е да игра за Барселона или Реал, а Ливерпул сега гледа одлична можност да му ја исполни желбата.
„Случај Мбапе“: Сè е сè уште отворено! –
Идеалното сценарио за Ливерпул би било да го продадат Салах во Реал за огромна сума за која се зборуваше претходно (околу 100 милиони евра) и потоа да се купи Мбапе од ПСЖ со тие пари.
Покрај тоа би профитирале од продажбата на Салах, тие полесно би го поднеле и товарот на платата што ја носи Мбапе. Салах има околу 12 милиони евра годишно, а тие ќе треба да додадат уште осум за да можат да си го дозволат Мбапе.
Секако, никој не гарантира дека сè ќе се одвива според планот за Ливерпул. Сосема е реално да се очекува Реал едноставно да го купи Мбапе и потоа да го остави Ливерпул со мислите, што со Салах. Ноо, колку и да изгледаат едноставни работите, јасно е дека ова е зделка што ќе одлучи за текот на фудбалската историја затоа што Мбапе со право е истакнат како „наследник“ на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
ИЗВОР: