(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам во првиот круг гласовите да се поделат на повеќе страни, а во вториот да победам
Очекувам во првиот круг гласовите да се поделат на повеќе страни и не очекувам дека има некој било каква шанса да добие во првиот круг, меѓутоа во вториот очекувам да влезам и да ги добијам изборите на крајот, порача Стево Пендаровски, актуелниот претседател на државата и кандидат на коалицијата предводена од СДСМ за претстојните претседателски избори, на отворањето на Централниот штаб во Скопје.