Вила сексуално вознемирувал вработена во клубот?

Пензионираниот шпански фудбалер Давид Вила се соочи со големи проблеми.

Вила некогаш важеше за една од најголемите фудбалски sвезди од своето време, но денес тој е во центарот на вниманието поради скандалот кој силно одекнува во САД.

Имено, Вила беше обвинета од девојка која работела како практикант во Њујорк, таа го обвини дека сексуално ја вознемирувал во 2018 година и дека поради тоа решила да ја смени дури и нејзината професија.

“Вознемирувањето што го доживеав во Њујорк е одвратно кога и да помислам на професионален спорт. Ја променив својата професија целосно и ми ги уништи соништата”, рече неименувана девојка, велејќи дека не поминал ниту еден ден од тоа што Вила не ја допирала или вербално малтретирал.

По овие обвинувања, самиот фудбалер реагираше, негирајќи ја целата работа, истакнувајќи дека ќе се бори против ваквите тврдења.

Вила остави неизбришлив белег за четири години играње за Њујорк Сити. Тој постигна 77 голови во МЛС лигата.

 

sportm

 

Dzulia Selim Memed

https://www.24vakti.mk

Related post