ВМРО-ДПМНЕ: Бараме целосно да се расветли случајот со приведувањето на новинарот Фуркан Салиу
Да му се почитуваат сите негови права и слободи како новинар.
Секој еден новинар ја има нашата поддршка. ВМРО-ДПМНЕ не поддржува насилство, и осудуваме било каков напад врз службено лице на МВР. Тоа треба да се осуди од сите чинители и доколку се потврди дека тоа е сторено, тогаш сторителот треба да ги сноси сите последици согласно законите и Уставот.
Бараме целосно да се расветли случајот со приведувањето на новинарот Фуркан Салиу и да се почитуваат сите негови права и слободи како новинар.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ