#NEVIPE

ВМРО-ДПМНЕ негира: Документите на СДСM се целосно измислени, следи тужба за клевета

Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните. Иако видовме дека за СДС е нормално да го погрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста – се вели во соопштението од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа СДСМ да се извини, во спротивно ќе следи тужба за клевета.