Вознемирувачко: Објавени фотографии од пpeтeпаниот Ром во Струмица ( Видео)

Вака изгледа претепаниот Ром денес во Струмица, објави Геге Демировски претседател на Народната партија на Ромите.

Тој на Фејсбук повика да се соделува фотографијата од жртвата за да се изврши притисок од јавноста да се дознае за судбината на претепаниот.

Според Демировски, од струмичката болница не може да се добие информација за состојбата на претепаниот ниту дали е жив, а МВР кусо одговара дека го документира случајот.

Секторот за внатрешни работи Струмица во кординација со Основното јавно обвинителство презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, велат од МВР.

И активистите за заштита на правата на Ромите го вперија прстот кон обезбедувањето на премиерот Зоран Заев.

Неофицијално, луѓето во црно кои со палки и стапови го претепале Ромот биле од обезбедувањето на Заев, а до тепачка дошла по инцидент во казино.

Related post