РАЖМ ЛУЛУДИ-Кампања против родово базирано насилство врз жени

Во знак на глобалната кампања 16 дена активизам за спречување и елиминација на родово базираното насилство врз жените, РАЖМ „Лулуди“ се приклучува со спроведување кампања под слоганот #ДалиЕОваЗнак? / #ČačeAkavaSiZnako?
Во периодот од 25 ноември до 10 декември спроведуваме кампања на локално ниво со цел едукација, информирање и подигнување на свеста за формите на насилство на заедницата, со главен фокус на жените и девојки Ромки. Кампањата ќе опфати поставување на информативни штандови и споделување информации на нашите социјални медиуми.

Related post