Време е за „Ел Класико“: Може ли Барса да ја врати неизвесноста во Ла Лига?

Вечерва нè очекува спектакл на Сантијаго Бернабеу, во натпреварот од 32 коло на Ла Лига, екипата на Реал Мадрид ја пречекува Барселона во едно од најголемите светски фудбалски дербија.

Двете екипи оваа недела имаа исклучително тешки и емотивно наполнети реванши од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Каталонците доживеаја големо разочарување, по победата од 3:2 во Париз и водството во Барселона, доживеаа потоп од 1:4 и го загубија пласманот во полуфиналето од ПСЖ.

Мадриѓаните ремизираа против Манчестер сити, а потоа со подобро изведување пенали го исфрлија актуелниот европски шампион.

Барселона имаше ден повеќе одмор, одигра половина час помалку од ривалите, но адреналинот што го добија „кралевите“ со елиминацијата на главниот конкурент за титулата европски првак сигурно ќе го надомести насобраниот замор.

Ел Класико се врати во Мадрид по повеќе од една година, а на реновираниот стадион со нов капацитет од 81.000 може да се реши трката за шампионот со оглед на тоа што моментално лидер е Реал со 78 бодови, додека Барселона е втора со осум бодови на седум кола до крајот на шпанското првенство.

Дали Барса може да триумфира во Мадрид и да ја врати неизвесноста во Ла Лига, останува да видиме што ќе се случи по најновото „Ел Класико“ во кое нема фаворити.

Related post