ГОРДАНА ВЕЧЕРВА ВО ВЕЛЕС, СТЕВЧО ОДИ ВО БИТОЛА Четиринаесетти ден од кампањата за претседателските избори
Четиринаесетти ден од кампањата за претседателските избори, претседателските кандидати преку митинзи, дебати, како и средби со граѓани, ги презентираат нивните програми.
Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Чашка (17:30), Свети Николе, (18:30) и Велес (20:30).
Актуелниот шеф на државата и кандидат за претседател Стево Пендаровски денеска ќе оствари средби со граѓаните на Дебар (17 часот), од 18:30 ќе биде во Ростуше, а главниот настан за денеска ќе го има на митингот во Гостивар од 20:00 часот.
Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе одржи средби со граѓани во Чучер-Сандево (Центар на с.Кучевиште/17:30), Бутел (Штаб на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Live stream fb Maksim Dimitrievski/19:10), Чаир (19:45) и во Гази Баба (с.Јурумлери/ 20:30).
Кандидатот за претседател на државата од ГРОМ и коалиција „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски ќе има средба со пензионери на Тафталиџе (Ланџ бар „Бис“ / 10:00), средби со граѓани во Струга (14:00), Охрид (15:30) и во Битола (18:00). По средбите се предвидени изјави за медиуми на плоштадите во секој град.
Денеска во 10:30 часот, кандидатот за претседател на Северна Македонија од Европскиот фронт, Бујар Османи, ќе одржи отворена дискусија на тема: Северна Македонија коспонзор на резолуцијата на ОН за сеќвање на жртвите од геноцидот во Сребреница. По дискусијата Османи ќе одржи и прес конференција, која ќе започне во 11:00 часот. Горенаведените активности на Османи ќе се одржат во седиштето на Босанската демократска лига (БДЛ) во Скопје (ул. Македонија, на рекорд кај автобуската).
Кандидатката на претседателските избор од Левица, професорката Билјана Ванковска денеска нема да има активности како дел од кампањата поради академнски обврски, но утре таа ќе биде во градот на Кочо Рацин, Велес.