#Makedonija

Гори една од куполите на Универзална

На Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје.

Огромни пламени јазици ја зафатија Универзалната сала во центарот на Скопје. Екипи на противпожарната бригада се на терен и се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола.