Денес е финалето на Златен гонг – тројца макеоднски боксери ќе се борат за трофејот

Денес на прогрмата на 53. Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ во Скопје се финалните борби.

Во финалето Македонија ќе настапи Ален Рустемовски, Ружди Рустемовски и Алим Насуфи, но и Ник Николов, кој на турнирот е пријавен како претставник на Словенија, но од неодамна настапува за македонската репрезентација.

Финалето почнува во 15 часот во СЦ „Борис Трајковски“

На турнирот настапуваат 37 боксери, 30 во машка и 7 во женска конкуренција.

Финале Златен гонг:

Жени
57 кг Ребека Добош (Унгарија) – Карина Ибраимова (Казахстан)

Мажи
57 кг Башким Бајоку (Косово) – Шудаи Харада (Јапонија)
57 кг Ален Рустемовски (Македонија) – Луар Алиу (Косово)
60 кг Ружди Рустемовски (Македонија) – Аксел Хегарти (Велс)
63,5 кг Ник Николов (Македонија) – Димтрос Николау (Грција)
67 кг Алим Насуфи (Македонија) – Кирил Глобенко (Полска)
71 кг Доминик Енекеш (Унгарија) – Оказава Севорнец (Јапонија)
75 кг ОрландоХолви-Сотоми (Велс) – Вилијам Чолов (Бугарија)
80 кг Стелијан Страхилов (Бугарија) – Редис Карај (Албанија)
92 кг Марко Крмљак (Хрватска) – Донат Сила (Косово)
+92 Петар Белберов (Бугарија)  – Шпетим Шабани (Косово)
+92 Ардијан Аземи (Македонија) – Јордан Хернандез (Бугарија)

Related post