Максим Димитриевски во Брисел доби награда за „Најпријателски градоначалник на Ромите“ во Северна Македонија
Делегација од Општина Куманово предводена од градоначалникот на Општината Максим Димитриевски е во посета на Европскиот парламент во Брисел каде му е врачена наградата „Најпријателски ромски градоначалник “ во Северна Македонија.Оваа награда се доделува по пети пат во Европската комисија, за градоначалници од Западен Балкан и Турција.
Во рамките на Roma Week 2022 од 16 -19 мај 2022 година во Европскиот парламент се одржуваaт низа настани на различни теми кои ги засегаат Ромите во Европа и Западен Балкан, во кое земаат учество претставници од Европската комисија, невладини организации и пратеници од Европскиот парламент.
Максим Димитриевски ја понесе наградата “Најпријателски Ромски градоначалник “за темата пракса и вклучување на ромите во донесување на одлуките и нивно заедничко решавање на локално.
„Голема е честа за мене како Градоначалник и за моите сограѓани во Куманово, што сум избран за Градоначалник – најдобар пријател на Ромите, овде во срцето на обединета Европа. Овде сум претставник на Северна Македонија, но тоа е МАКЕДОНИЈА. Јас сум Македонец и живеам во град каде што има најмалку 10 етникуми кои живеат заедно во мир со години, со векови, и ние сме многу горди на тоа. Во нашата општина имаме мала верзија на Европската Унија. Ние сакаме да ви се придружиме, да бидеме со вас, заедно, да ги делиме истите вредности, бидејќи во 21 век не сакаме да зборуваме повеќе за поделба и дискриминација“, рече Димитриевски.
Тој посочи дека сакаме да зборуваме за европската иднина, да живееме заедно, обединети, борејќи се против секого кој сака да го промени минатото и да и наштети на нашата европска иднина, велејќи дека тоа се вредностите!
„Граѓаните на Куманово сакаат да Ви се заблагодарат затоа што ние се гордееме со Вас, но ве молам дојдете и поддржете не. Не е прифатливо во 21 век да се блокира некоја земја за да не може да се прклучи на Еропската Унија. Како што кажавте дека Западен Балкан припаѓа во Европа, ние навистина припаѓаме на Европа и ние сме европејци исто како и вие. Токму затоа ние сакаме да бидеме со вас. Ајде заедно да зборуваме со нашите соседи, особено со Бугарија, да не се зборува веќе за историјата. Ние сме Македонци, како што Ромите се Роми, како што Албанците се Албанци, сите имаме наша сопствена историја, традиција и култура. Блокадата мора да сопре, да се обедини целиот Западен Балкан и сите да се приклучиме на Европската Унија. Сите Европејци заедно во Европската Унија!“, истакна Димитриевски.
Димитриевски упати голема благодарност до Европратеникот Ромео Франц кој му ја врачи наградата, како и на сите членови на Ервопскиот Парламент, до Рома Актив Албанија и Мрежата ЕРГО, кои во соработка со ЕУ успешно го координираа овoj проект.