Заев бара поддршка за борбата во вториот круг
Мојата порака е борба, посебно до прогресивните сили, чуварите на иднината, интеграциската иднина на нашата земја и чуварите на вредностите на едно општество за сите, да излезат на изборите и да гласаат онака како што мислат дека е најдобро за нив, за нивните општини и за нашата татковина, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали ќе поднесе оставка доколку кандидатот на коалицијата на СДСМ загуби в недела на изборите за градоначалник на Скопје.
„Потврдувам дека сум борец човек и апелирам на борба. Го исправив нашиот народ со сите детални информации што треба да ги знае, кои се опциите при изборот. Тука сум, сум се борел, се борам и ќе се борам, но ми треба поддршка од народот заради тоа што локалните самоуправи, Градот Скопје, се многу важни во секојдневниот живот на граѓаните и во секојдневието на државата, посебно со засилените ингеренции што ќе ги добијат со третата фаза на децентрализација“, изјави Заев на заедничка прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими, на која го презентираа усвоениот План за забрзан економски раст 2022-2026 година.