За да му се допадне на Мицкоски, албанската опозиција се откажа и од условот за уставните измени – реагира Алијанса за Албанците

Ова е дел од реакцијата на Алијанса за Албанците, партија која е дел од „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека дел од новата влада по изборите ќе биде и коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците

Срамот и предавството на албанската опозиција денеска го откри и потврди Христијан Мицкоски, а тие не кажуваат ниту збор, што докажува колку се сервилни и потчинети. Ова е дел од реакцијата на Алијанса за Албанците, партија која е дел од „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека дел од новата влада по изборите ќе биде и коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците.

 

Од АА оценија оти опозиционерите од албанскиот блок се подготвени да направат каков било компромис, дури и да се откажат од условувањето за усвојување на уставните измени, само за да му се допаднат на Мицкоски.

 

„Мицкоски денеска го потврди срамот на албанската опозиција, која е подготвена да направи секаков компромис со судбината на граѓаните, само за да му се допадне на Мицкоски. За да се постигне тоа, тие се откажаа и од условувањето за уставни измени, што значи откажување од членството на земјата во Европската Унија. Тие се подготвени да ја вратат државата во изолација само за да бидат сервилни на ВМРО и Мицкоски, а со ова ги потчинуваат Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и сите граѓани за нивните интереси“,

пишуваат од Алијанса за Албанците во писмената реакција.

Related post