Ковачевски: СДСМ е силна партија! И во победи, и во порази, и во мирни услови и во кризни ситуации!
„Вечерва сакам од тука, од Кочани, заеднички на сите „добронамерници“ кои се обидуваат да нѐ заплашат и да нѐ раскараат, да им испратиме една силна порака: СДСМ е силна партија! И во победи, и во порази, и во потешки и во полесни времиња. И во мирни услови и во кризни ситуации. Јасно и гласно да им порачаме на нашите политички противници, а и на оние меѓу нас кои се ујдисале со нашите политички противници: Немојте ни да помислите дека ќе се откажеме!,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанскиот митинг во Кочани.
Тој посочи дека СДСМ ги слуша и прифаќа критиките од граѓаните. Како и дека ја прифаќа и „казната“ на првиот круг од претседателските избори. Ковачевски додаде дека јасно е дека постои незадоволство од политиките и одлуките на СДСМ, но и од поединци кои партијата ја искорстиле за лична корист и промоција. Тој порача дека од грешките се учи , но и не треба да се повторат. Какои дека таа „казна“ на 24-ти април им била испорачана н нив, а на на идејата за европска Македонија.
„Тоа што нема да прифатам, се критиките од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, ученикот на Груевски. Тоа што Мицкоски и неговата кандидатка за претседател, Гордана Силјановска, се обидуваат повторно да ја саботираат иднина на државата значи дека ништо во ВМРО-ДПМНЕ не се променило изминатиот период, ниту пак научиле од своите грешките,“ порача Ковачевски.
Тој истакна дека тоа е она исто ВМРО што изгради бел дворец во центарот на Скопје од каде владееле како кралеви, без чувство за одговорност пред било кого за било што, освен пред самите себе.
„Тоа е истото ВМРО што владееше насилно и автократски, покраде од државата сѐ што можеше да се искраде и сега, истите тие, зборуваат како пак ќе ја направеле Македонија горда,“ порача Ковачевски.