Колумна на М-р Шенај Османов: Ромите и политиката
Дојде времето кога и Ромите почнаа да се чувствуват зрели политичари, секој на свој начин да се вклучи во политичкиот живот, единствен недостаток е фактот што истите предходно невршат самоанализа на себеси за тоа кој вид на политика е најблиска до нив за да може таков вид на политики да пружа на својата заедница. Верувам дека во иднина ќе се надмине овој факт.
Не дека Ромите неможат да бидат добри политичари, тие и те како знаат добро да ги расудуват лошите и добрите политики. Проблемот во овој момент е во неромските политичари кои ги притискат Ромите и не им дозволуват да ги произнесат сопствените политики пред јавноста. НЕЗНАМ КОЈА Е ЦЕЛТА НА ВАКВАТА ПОЛИТИКА, но знам едно дека добрите или креативните ромски политичари ќе бидат бариера на политиките ако покажат свои и сопствени политики кои ќе значат многу за самата заедница.
Дали политиката, Ромите ги препознава само пред избори?
Секако дека одговорот на ваквото прашање е ДА. Сега се поставува друго под прашање, Зошто е тоа така поставено? Затоа што неромските политичари сметат дека најлесно може да се манипулира со Ромите, затоа неромските политичари, во ромските населби не организират митинг средби, не организират теренски активности т.н. од куќа до куќа бидејки тие знаат дека со 500 денари ќе ги купат ромските гласачи.
Е сега дури Ромите подготвуват скромно изненадување на неромските политичари, ЈАВНО им укажуват дека во Македонија непостои Ром кој својот глас ќе го продаде за 500 денари, РОМИТЕ ИМАТ СТАВ и се додека локалните власти не создадат услови за нормален живот нема гласови, гласовите секогаш ќе бидат поништувани а за сето тоа нека си мислат т.н. големи политичари.
Само накратко да ги известеме политичарите, преставници на политичките партии дека ромската популација својата свест ја има развиено на многу високо ниво. Во нашата држава потојат голем број на високо образовни Роми кои веќе работат на подигање на политичката свест кај самата заедница.
Моја препорака до секој што смета дека е голем политичар, во ромската заедница да влегува подготвено со искрени намери за пружање погодни услови за нормален живот.
Авторот е М-р по правни науки и Извршен директор во Здружението за правата на Ромите – Штип