Македонија денеска ги започнува преговорите за полноправно членство во ЕУ

Во Брисел денеска ќе биде одржана првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и Европската унија.

Пред одржувањето на Меѓувладина конференција, премиерот Димитар Ковачевски кој ја предводи владината делегација ќе има средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Советот на ЕУ синоќа даде „зелено светло“ за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија.

Амбасадорите на земјите-членки ги договорија преговарачките рамки за двете земји, со што се создадени услови за првата меѓувладина конференција за пристапување, што ќе се одржи во вторник во Брисел.

На таа конференција ќе бидат прогласени за отворени преговорите со двете земји, а потоа и т.н скрининг процес длабинска анализа на законодавството на двете земји и степенот на нивната усогласеност со европското законодавство.

Related post