Мицкоски: Барам брзи предвремени избори, ново парламентарно мнозинство не е решение

Според него, создавањето ново парламентарно мнозинство нема да помогне во решавање на наталожените проблему, туку само ќе доведе до преговори и разговори и разводнување на капацитетот за управување на институциите и ќе креира погрешна слика која нема да ја пресликува волјата на народот изразена на изборите кои штотуку завршија.
Toj рече дека не е прашање дали струјата ќе поскапи, туку за колку ќе поскапи и дека ценовниот шок ќе предизвика раст и на другите цени и дека ќе предизвика инфлација.
„Потребни се крупни одлуки во наредниот период, а народот кажа дека оваа влада нема доверба од граѓаните, ниту дека има капацитет. Ново мнозинство нема да даде нова енергија за справување со проблемите, туку потребни се брзи избори со почитување на законските рокови“, рече Мицкоски.
На прашањето што ќе преземе ВМРО-ДПМНЕ доколку актуелната власт не се согласи на избори, Мицкоски рече дека во тој случај на товар на СДСМ ќе падна дополнително не само економската и енергетска криза кои драстично ќе се продлабочат, туку и влошувањето на ковид-кризата.
„Ние подаваме рака, спремни сме да преземе одговорност и треба да се направат консултации со Државната изборна комисија за да се добие одговор на прашањето за колку време може да се организираат изборите“, рече Мицкоски.
На прашањето дали е точно дека една опозициска партија преговара за влез во актуелната Влада, Мицкоски рече дека до него не се стигнати такви информации, туку дека напротив опозицијата е решителна дека власта треба да замине.