Мицкоски најавува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Охрид на првиот ден од предизборната кампања за парламентарните избори, порача дека партијата ќе води позитивна кампања, кампања на проекти, на надеж, и како што посочи, „кампања што ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред медиумите уште истакна дека изминатите две седмици од кампањата за претседателските избори, од владејачкиот СДСМ не бил кажан ниту еден збор, ниту една критика упатена кон ДУИ, додека истовремено од ДУИ ја критикуваат работата на СДСМ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја искористи денешната работна посета на Охрид да истакне дека во предизборната програма на коалицијата „Твоја Македонија“ што ја предводат, меѓу другото е предвидена реалокација на средства од државниот буџет за општините, во вредност од 250 милиони евра годишно или милијарда евра за наредните четири години.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ традиционално од Охрид вечерва во голем народен собир стартуваат со предизборната кампања за парлементарните избори.