#NEVIPE #NVO

јавен повик- Модератор за водење на четири поткаст емисии во рамки на проектот „Евопска унија за нас „

Проект Европска унија за нас „

 Здружение едукативен медиумски центар 24ВАКТИ-Скопје  ‘‘ финансиски поддржан од грантовата шема на “Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, финансиран од Европската унија,IPA III/2022/441-801/4  спроведуван од  АДРР Сонце од Тетово и Ромски Ресурсен Центар, РАЖМ Лулуди и Симплексис  за потребите на проектот ,,Европска унија за нас ,,  Објавува:

ЈАВЕН ПОВИК БР.02/2025

 За работен ангажман на определено време за следната позиција: 1(еден) Модератор за водење на четири поткаст емисии во рамки на проектот „Евопска унија за нас „

  • Позадина на проектот

Проектот се состои од снимање и прикажување на едукативно-информативни поткасти со истакнати и препознатливи стручни лица и експерти кои работат или на било каков начин делуваат со нивната работа во јавниот или приватниот сектор во областите и подрачјата поврзани со поглавјето 19 и 23 од преговарачките поглавја за пристап кон ЕУ. Дополнително со проектот се планира и организирање на дводневна ЕУ- Академија наменета за млади Роми, вработени или волонтери во граѓанскиот, студенти и средношколци – со нудење на можност за темелно запознавање со Европската унија, вредностите, начинот на функционирање, а со посебен акцент на преговорите, пристапувањата кон ЕУ и предизвиците со кои се соочува Р.С.Македонија како земја со проевропска ориентација.

Проектот има широк круг на опфат на лица и истото се постигнува со медиумско влијание и емитување на поткастите, а исто така и осврт кон младата категорија на лица како носители на теренските активности на значаен број на локални невладини организации на територија на општина Шуто Оризари.

1.2 Опис на работни задачи за позицијата Модератор на 4 поткаст емисии

 

  • Развивање креативна концепција за поткаст емисиите;
  • Идентификација на темите за преговарачки поглавје 19 и 23 за Европска унија
  • Модертарот на 4 поткаст емисии
  • Подготовка на прашања заедно со проектниот тим
  • Учество во снимање на поткаст емисиите

1.3 Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
  • Oдлични аналитички и вештини за пишување
  • Претходно работно искуство со продукција
  • Да имаат одлично познавање на ромската проблематика и состојба

1.4 Заинтересираните кандидати треба да ги поседуваат следните вештини и квалификации:

  1. Развиени комуникациски вештини;
  2. Модератор.водител на тв емисии;
  3. Модератор водител на поткаст емисии;
  4. Познавач на еу поглавјата 19 и 23 од европската унија.
  5. Тимско работење
  6. Крерање и споделуваља на идеи за реалзиација на поткаст емисиите

1.5 Место на извршување на работните задачи и времетраење на ангажманот

Работните задачи ќе се извршуваат во канцелариите или кабинети на експерти ангажирани како гости на поткаст емисии

Ангажманот на Модераторот ке биде  ќе биде реализирање на снимање на четири поткаст емисии.

1.6 Насоки за аплицирање

Сите заинтересирани кандидати треба да ја достават следната документација:

  1. CV работна биографија со соодветни квалификации и повеќегодишно искуство
  2. Мотивационо писмо;
  3. Завршен степен на образование

Краен рок за пријавување е 5 работни дена од датумот на објавување на јавниот повик односно до 20.03.2025 година до 23:59час.

 Комплетната документација може да се достави електронски на  следната е-маил адреса: euzanas02@gmail.com

 или по пошта на следната адреса:

 Радишанска лево број 57 Скопје

 Лице за контакт: Сали Мемед

Ненавремено доставена и некомплетна документација нема да биде земена во предвид.

Врз база на проценката на квалитетот и комплетноста на пристигнатите пријави ќе се генерира скратена листа на кандидати. Само кандидати кои ќе бидат на скратената листа ќе бидат контактирани и ќе бидат повикани на интервју.

Скопје, 14.03.2025